Оваа опрема е наменета за преработка на разни видови зачини и тоа :
ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ЗАЧИНСКА ПИПЕРКА
Употребата на млиновите БОРО во мелењето на зачинската пиперка овозможува да добиете екстра финост и извонредна боја и арома на мелената пиперка. Млиновите БОРО мелењето го вршат со помош на мелнички камења изработени по сопствена патентирана технологија и се основна каратеристика за квалитет. Камењета се изработени од повеќе видови гранулирани материјали што им овозможува тие постојано да остри и покрај триењето. Ваквиот состав ги одлокува со голема тврдина и жилавост, а со тоа и со долг век на траење. Покраj составот на камењата, специфичен е и нивниот облик и профилираност.
Од големиот асортиман на млинови , за мелење на зачинска пиперка ги препорачуваме :
Тип | Капацитет/ч | Димензии/дол-шир-вис |
Снага на ел. мотор |
Тежина |
300 | 70-100 kg | 1.2 x 1.2 x 1.6 | 5.5 kW | 400 kg |
500 | 100 – 150 kg | 1.2 x 1.2 x 1.8 | 7.5 kW | 400 kg |
1100 | 300 – 400 kg | 2.6 x 2.2 x 2.5 | 18.5 kW | 3000 kg |
Покрај млиновите , ја произведуваме и целокупната друга опрема која ја следи технолошката преработка на зачинска пиперка како :
ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ЗРНЕСТИ ЗАЧИНИ
Програмата на опрема за преработка на зрнести зачини опфаќа главно млинови за нивно мелње и придружна опрема за процесно технолошко поврзување.
Млинови за бибер
Мелењето на биберот претставува специфична работа. Обезбедување максимална арома на мелениот бибер и идеална финост, а воедно осигурување на потполна безбедност од прашење се основни карактеристики на млиновите за бибер БОРО.
За мелење на цимет и други слични зачини ги препорачуваме следните БОРО млинови:
Тип | Капацитет/ч | Димензии дол-шир-вис | Снага на ел. мотор | Тежина |
300 V | 60 – 100 kg | 1.2 x 1.2 x 1.6 | 5.5 kW | 400 kg |
500 V | 100 – 150 kg | 1.2 x 1.2 x 1.8 | 7.5 kW | 400 kg |
ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ХЕРБАЛНИ ЗАЧИНИ
За преработка на овој вид зачини изработуваме повеќе видови на дробилици кај кои сушените билки можат да се добијат во прав или гранулирани во зависност од потребите на купувачот. Капацитетот на дробилиците е мошне варијабилен во зависност од видот на билката која се преработува. Покрај дробилици произведуваме и мешалки за правење смеси од мелените билки. Мешалките се од типот на т.н. коритести мешалки и работи со полнење во циклуси. Времето на мешање зависи од односот на компонентите во однос на целата смеса, но просечно се движи помеѓу 5 и 10 минути.
Мешалка | T 200 | T 400 |
Волумен на полнење |
200 L | 400 L |
Ел. мотор со редуктор |
1.1 kW | 2.2 kW |
Димензии / дол-шир-вис | 0.6 x 1 x 1.2 | 0.8 x 1.2 x 1.5 |